Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Меркел разговараа за две многу важни теми

Заев и Меркел разговараа за две многу важни теми

Германија сторила многу за европската иднина на Западен Балкан.

Oва го рекол премиерот Зоран Заев во телефонски разговор со канцеларката на Германија, Ангела Меркел. 

Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија од Владата. 

„Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ“, стои во соопштението.

Заев се заблагодарил за ангажман на германското претседателство со ЕУ, за личното вклучување на министерот за надворешни работи Хајко Маас, на државниот министер за ЕУ Михаил Рот, како и за личниот ангажман на Меркел.

Двајцата зборувале и за корона кризата.

Германија одамна го застапува ставот дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. 

Владата на Холандија деновиве достави на гласање одлука до националниот парламент, според која со Северна Македонија нема пречки за отпочнување на преговорите со ЕУ, додека истото прашање за Албанија ќе треба да почека.

Слично

Поврзани вести