Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Груевски вечерва на итна средба кај Иванов - што се договарало?

Заев и Груевски вечерва на итна средба кај Иванов - што се договарало?

На покана на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

Тема на разговор како што дознаваме биле актуелните случувања поврзани со апсењата во врска со црниот четврток.

Како што се дознава се разговарало за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата било да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. 

Присутните на средбата се согласиле разговорите да продолжат и во иднина.

Слично

Поврзани вести