Заев и Ципрас утре во Германија ќе добијат награда за мир
Премиерот Зоран Заев и порашениот претседател на владата на Грција, Алексис Ципрас, утре во Германија ќе ја добијат Мировната награда на Вестфалија за својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија.
Жирито го одреди признанието уште во февруари минатаат година, но двајцата потписници на Преспанскиот договор ќе го добијат утре на свечена церемонија во Мунстер.
„Во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.На свечената церемонија утре во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година“, информира Владата.
Претходно наградата „Евалд фон Клајст“ во 2019 во Германија им беше доделена на Заев и Ципрас за нивните заслуги за решавање на долгогодишниот спор за името.
Слично
