Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Ципрас се сретнаа со струмичкиот градоначалник Костадинов

Заев и Ципрас се сретнаа со струмичкиот градоначалник Костадинов

Oд Општина Струмица велат дека вечерва градоначалникот Костадин Костадинов имаше голема чест и задоволство во неговиот кабинет да ги пречека поранешните премиери  на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев.

„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и
Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави. Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран Заев, со Ципрас и  Зоран Заев градоначалникот разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој,  новите предизвици и состојби во државата и регионот. Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата“, порача градоначалникот Костадинов.

Претходно и Заев објави дека Ципрас му е гостин во Струмица. 

Слично

Поврзани вести