ЗАЕВ И ЦИПРАС ЈА ПРИМИЈА МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА ЗА МИР НА ВЕСТФАЛИЈА: Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства
Премиерот Зоран Заев и неговиот поранешен грчки когега, Алексис Ципрас, со кој го потпишаа Преспанскиот договор, денеска ја примија Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година. Двајцата присуствуваа на свечената церемонија во градот Мунстер.

Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства. Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што добиваме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија. — in Münster., напиша премиерот Заев на неговиот профил на Фејсбук.

Наградата им ја врачи претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.
Иако, требаше да ја добијат лани, церемонијата е организирана една година подоцна поради пандемијата на корона вирусот.
