Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир
Зоран Заев и Алексис Ципрас, како тогашни премиери кои го постигнаа Преспанскиот договор, се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија. Наградата свечено ќе биде доделена на 19. септември во рамки на Самитот во Минстер, каде што покрај двајцата добитници, ќе присуствува и Федерика Могерини, поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ.
-Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион’, изјави д-р Рајнхард Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе, објавувајќи ги добитниците на Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година
Зинкан додава дека личните суети двајцата тогашни премиери ги оставиле на страна со цел да се постигне траен мир во регионот.
Меѓународната награда за мир на Вестфалија се доделува од 1998 година од Асоцијацијата на претприемачи на Вестфалија и Липе на секои две години, а меѓу досегашните лауреати ср политичари како Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Курт Масур, Карла дел Понте, Кофи Анан, екипажот на Меѓународната вселенска станица, балтичките држави итн..
