Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Бутарис со сиртаки ќе слават Нова година

Заев и Бутарис со сиртаки ќе слават Нова година

Македонскиот премиер Зоран Заев Новата година ќе ја дочека во Солун откако ја прифатил поканата за заедничка прослава со градоначалникот Јанис Бутарис. 

Според информации на НОВА Заев ја прифатил поканата од Бутарис која тој му ја упати додека беше во работна посета на Скопје во ноември, и кога се сретна со македонскиот премиер.

Засега е неизвесно дали на нивната заедничка прослава ќе присуствува и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Градоначалникот денеска ме покани да ја дочекаме заедно Нова година. Јас секако ќе размислам за оваа понуда, па можеби таму да ја дочекаме Новата година, заедно и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас“, рече тогаш Заев.

Бутарис во грчките медиуми се најде во жешки води бидејќи при посетата го употреби зборот Македонија, наместо ФИРОМ или Скопје како што грчките политичари вообичаено говорат при обраќањето за името на нашата земја.

Токму и преку Бутарис, македонскиот премиер Заев посочи дека гледа можност за подобрување на односите со јужниот сосед преку враќање на довербата и градење услови за соработка.

Слично

Поврзани вести