Заев и Ахмети се сретнаа да бараат решение за деблокада на Собранието
Попладнево се одржа кратка средба меѓу Зоран Заев и Али Ахмети со цел да се изнајде решение за деблокада на Собранието кое засега се држи во тајност. Според собраниски извори средбата била во пратеничката група на СДСМ, а се разговарало и за избор на новиот собраниски спикер, пренесува ТВ 24.
Нема официјални информации дали нешто е конкретно договорено околу стратегијата која неколку дена ја најавува СДСМ за Собранието да почне да функционира.
Партиски извори од ДУИ велат дека опции кои им се на располагање се, мнозинството да почека да заврши маратонската дебата во Собранието или пак лидерите на парламентарните партии да најдат излез на лидерска средба - нешто што како можност ја најави минатата недела лидерот на ДУИ Али Ахмети, иако од СДСМ неколку пати категорично ја демантираа оваа можност.
