Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Ахмети разговарале само за актуелни политички ставови, ќе има нови средби

Заев и Ахмети разговарале само за актуелни политички ставови, ќе има нови средби

Денеска во седиштето на СДСМ се одржа прва средба меѓу Заев и Ахмети по која немаше официјални изјави, но затоа пак сега излезе првото заедничко соопштение од двете партии во кое не се открива ништо суштинско, освен дека се разговарало за актуелните политички ставови.

- Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ Заев по предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година. На средбата начелно се разговараше за ставовите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста благовремено ќе биде информирани, стои во кусото соопштение на СДСМ и ДУИ.

Средбата на двајцата лидери доаѓа по заострување на политичката реторика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а договорот за формирање на нова влада се уште виси во воздух.


Слично

Поврзани вести