Заев: Груевски не смее да формира влада, резултатот не е конечен!
Заев најпрво им честиташе победа на граѓаните кои гласале за промени и рече дека заедно поразиле режим, а граѓаните избрале живот, и дека промените продолжуваат.
„Мудро, одлучно да ја почитуваме одлуката на мнозинството граѓани кои гласаа за демократска држава, избраа промени.
Заедно постигнавме резултат кој е пример во светски рамки и за кој ќе се пишува во историја.
Ја обединивме мултиетничка Македонија. Никола Груевски не смее да формира Влада во РМ. Режимот не смее да формира влада.
Бидејќи првичните неофицијални информации ги збунија граѓаните, конечните реузлтати допрва следуваат.
Постојат разлики од записниците и од оние кои ги објави ДИК, само ако се корегираат овие бројки СДСМ има повеќе гласови во шестата изборна единица со што соодност е 50:50 мандати
Поради нерегуларностите СДСМ ќе поднесе и приговори. Вистинската слика за добиените мандати ќе ја кажат конечните резултати“, рече Заев.
