Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗАЕВ ГРАДИ 40 КАТНИЦА ВО ДУБАИ“: Манасиевски со видео докази за инвестициите на екс премиерот

„ЗАЕВ ГРАДИ 40 КАТНИЦА ВО ДУБАИ“: Манасиевски со видео докази за инвестициите на екс премиерот

Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40катница во Дубаи, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа, објави вчера Валентин Манасиевски, од ВРММРО-ДПМНЕ, емитувајќи и видео доказ.

„Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи. Ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности. Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам: ,,Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра”, вели Манасиевски.




Слично

Поврзани вести