Заев: Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе!
Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев откако македонската фудбалска репрезентација ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство.
„Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе“, пишува Заев.
Со голот на Горан Пандев, Македонија победи со резултат 1:0.
Слично
