Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го зголемил бројот на надворешни соработници, расте и сумата која се плаќа за нив

Заев го зголемил бројот на надворешни соработници, расте и сумата која се плаќа за нив


Премиерот Зоран Заев го зголемил бројот на надворешни соработници, како посебна група надвор од евиденцијата на лични советници во кабинетот, кои отчет му даваат само нему и тоа на 39-мина, објави Призма.

За осум месеци тие се зголемиле за плус осуммина и вкупно за сите се плаќа 26.440 евра месечно, односно сумата е зголемена за дополнителни 7.440 евра.

Во групата од нови седуммина новајлии се Виолета Дума, Александра Љочева, Љупчо Зафироски, Еида Реџа, Стефани Арсовска, Бобан Ивановски и Петер Пулер. 

Хонорарите што ги добиваат се движат од најмалиот од 30.000 до најголемиот од 73.800 денари месечно.

Ангажирани се за совети од областа на правдата, економијата, ЕУ-интеграциите, ЕУ-фондовите и информатичките технологии.


Слично

Поврзани вести