Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го разреши пратеникот Костадин Ацевски, тој повика на обединување

Заев го разреши пратеникот Костадин Ацевски, тој повика на обединување

Зоран Заев вчера објави дека како претседател на СДСМ  ги разрешува сите 78 претседатели на општинските организации на партијата, а меѓу нив е и пратеникот во македонското Собрание, Костадин Ацевски, кој го предводеше локалниот огранок на Ѓорче Петров. 

Пратеникот по објавената одлука на премиерот на Македонија побара обединување во партиските редови и нов почеток со свежи сили, обидувајќи се да го крене моралот на партијата.

„Другарки и Другари, Ви благодарам на подршката, пожртвуваноста, лојалноста...
Ви благодарам на се што направивте до сега, и на се што ќе направите од сега, за партијата и државата!  Почит до небо и поклон до земја!!! Функциите се менливи и минливи, нашето единство, другарство и посветеноста на СДСМ, не!!! Продолжуваме сите заедно напред, поединствени од било кога!!!“, објави Ацевски.

Тој важи за еден од најактивните во својата партија, особено на локално ниво во Ѓорче Петров и се очекува повторно да биде реизбран. Заев најави дека ќе бидат реизбрани оние кои задоволиле со својата работа, а додека пак кај оние кои биле неактивни ќе бидат заменети со други.

Слично

Поврзани вести