Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го прими Тони Блер во Владата: Поддршка за технолошки развој на земјата

Заев го прими Тони Блер во Владата: Поддршка за технолошки развој на земјата


Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, кој информираше дека во Скопје доаѓа во име на неговиот Институт за глобални промени кој во својот фокус ја има поддршката за технолошки развој на земјите кои имаат амбиции да бидат компетитивни и да бидат во чекор со технолошки напредните земји.

Заев ја оцени како добредојдена и правовремена посетата на Блер на регионот, особено во контекст на определбата за забрзана дигитализација на земјите иницијатори на „Отворен Балкан“, како неопходен чекор за остварување на целите на иницијативата.

„На средбата беше истакната и придобивката што со дигитализацијата може да ја добие Северна Македонија во делот на менаџирање со податоци при справувањето со Ковид-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Блер на средбата ја истакна како исклучително значајна иницијативата „Отворен Балкан“, како и тоа дека вакцинацијата е најдобро глобално решение во борбата со Ковид-19 и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.


Слично

Поврзани вести