Заев го пречека Столтенберг во Владата, химната се интонираше
Утрово започна официјалниот дел од посетата на делегацијата на највисоките тела на НАТО со церемонијата на официјалниот пречек на платото на Владата на РСМ со интонирање на македонската химна, по што ќе следува билатерална средба на делегациите предводени од Претседателот на Владата Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со амбасадорите на Северноатлантскиот Совет и министрите во Владата на РСМ.
Со работниот дел на Северноатлантскиот Совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада на РСМ, што ќе се одржи потоа, ќе претседаваат Заев и Столтенберг, по што ќе следува и нивната заедничка прес конференција.
Во текот на денот, Генералниот секретар и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

