Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го повика Мицкоски на заедничко учество во работната група за СЈО

Заев го повика Мицкоски на заедничко учество во работната група за СЈО

Премиерот Зоран Заев на отворањето на оддел за кардиологија во болницата „8 Септември“ го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно да учествуваат во работната група предводена од министерката за правда, Рената Дескоска, за предлог-законот за Јавното обвинителство и за судбината на предметите на СЈО.

Во оваа група инаку учествуваат видни правни експерти и раководоители од правосудниот систем, а меѓу нив државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, академикот Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина.

- Сериозно е прашањето, не сме толку далеку од решението. И да не се најде решение, предметите одат во редовното јавно обвинителство. Тоа е и поривот на Катица Јанева што ги предаде предметите.  Работната група има денеска состанок, да ни каже дали има потреба од лидерска средба, аон треба ќе повикаме и други политички лидери. Стручните луѓе од работната група ако заклучат дека треба да имаме лидерска средба со Мицкоски, јас сум подготвен, рече Заев пред новинарите.

Тој додаде дека не треба да се избрзува со одлуките и дека страните треба да бидат разумни. 

- Имаме уште седум работни дена. Треба само со трезвени глави да се заклучи што е дозволиво, а што не во нормални земји, додаде Заев.


Слично

Поврзани вести