Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го покани, а утрово и ќе го прими Нимиц

Заев го покани, а утрово и ќе го прими Нимиц

Од Владата информираа дека утринава во 9 часот премиерот ќе го прими специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц.

Нимиц доаѓа во земјава исто така на покана на Заев a вчера се сретна со шефот на државата.

На средбата Иванов му посочил на Нимиц дека мора да се почитува меѓународното право

„Неопходно е стриктно придржување до резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Мора да се почитува меѓународното право и да се има доследност кон меѓународно преземените обврски.“ – соопштија од претседателскиот кабинет.

Во Владата денеска медијаторот ќе оствари средба и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.


Слично

Поврзани вести