Заев го кажа рокот до кога Македонија би влегла во НАТО
Премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Берово изјави дела очекува најдоцна до мај 2020 година, Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО.
„Очекувам меѓу јануари и мај 2020 година да бидеме полноправна членка на НАТО. Нашето место е до Норвешка, си го знаеме и столчето. Нашиот јарбол е веќе поставен, нашето знаме ќе биде таму. Две причини се зошто денеска стигнавме до тука. Првата е дека дојде времето, созреа. Втората работа е тоа што ни се случува во регионот. Македонија е многу блиску до Европската унија“- вели премиерот.
Додава дека ни треба раст од 7 до 11% и дека мора да донесеме важни одлуки.
Премиерот пред беровчани го презентираше Договорот со Грција и кои се предностите од него.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изјави дека пред 20 години градот имал три пати повеќе жители, и со бугарски пасоши заминуваат во земји кои се членки на НАТО и ЕУ. Но, тој рече дека оние нивни сограѓани кои земале бугарски пасоши се чувствуваат како Македонци и никаква хартија не може тоа да го смени. Пекевски рече дека оние кои тврдат дека идентитетот е загрозен, според него лажат од себични причини.
