Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го демантира професорот Димовски

Заев го демантира професорот Димовски

Премиерот Зоран Заев, денеска одговарајќи на новинарско прашање околу шпекулациите за достапноста на советниците до класифицирани информации, изјави дека советниците не добиваат сертификати за класифицирани или безбедносни информации.

Професорот Златко Димовски од Факултетот за Безбедност претходно тврдеше дека командантот Хоџа за да го работи она за кое што е назначен, ќе треба да добие безбедносен сертификат кој според Димовски, не може да го добие.

-Она што е многу важно е дека ако работи со класифицирани информации ќе треба да добие сертификат за класифицирани информации, а согласно постојната законска регулатива, не верувам дека ќе може да добие сертификат за достап до класифицирани информации затоа што има таму точно одредени критериуми кој може да добие, кој не може истакна Димовски.

Прашањето се однесува на неодамна поставениот надворешен советник Џезаир Шакири.

– Ова лице има информации од целиот терен. Во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот овој терен на северната граница на Македонија и верувам дека може да помогне, рече Заев.

Заев посочи дека за сите советници ангажманот е една година и дека за време на тие ангажмани ќе се покажат дали некој ќе даде резултати или не.

Верувам, рече Заев, дека преку концептот „Едно општество за сите“ можам да придонесам во попуштање на тензијата во ова наше општество.

– Бошкоски и Шаќири беа од различна страна на нишаните. Сега работат за својата Република Македонија и ако вака гледаме на работите можеме сите да бидеме порастоварени и да знаеме дека шанси заслужува секој во државава, истакна Заев.


Слично

Поврзани вести