Заев го даде својот глас за идниот лидер на СДСМ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица гласаше на вонредните внатрепартиски избори.
СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За лидер на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.
До 11 часот, излезноста беше 12 отсто. Се гласа до 19 часот.
Слично
