Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го чека новиот министер за здравство, но од која партија ќе биде?

Заев го чека новиот министер за здравство, но од која партија ќе биде?

Премиерот Зоран Заев денес даде доста „штури“ информации за тоа кој ќе ги пополни испразнетите места во владата откако повеќе министри и заменици преминаа во локалната власт, меѓу кои и министерот за здравство Арбен Таравари кој сега е градоначалник на Гостивар, оствајаќи го празен еден од најважните владини сектори.

Според Заев во неделата која доаѓа ќе се знае и новиот министер од здравство но, не прецизираше од која партија ќе биде кандидат бидејќи има многу нејаснотии дали Алијансата за Албанците со која настапија во спротивни табори на локалните избори ќе остане во владата и со какви позиции.

Слично

Поврзани вести