Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го брани Героски, а заканувачот се извини

Заев го брани Героски, а заканувачот се извини

Премиерот Зоран Заев го брани новинарот Бранко Героски, а заканувачот се извини.

Заев на неговиот Фејсбук профил објави статус за слободата на говорот и за притиоците кон новинарите, откако вчера новинарот Бранко Героски објави дека добил закани од лице кое се претставува како обезбедување на СДСМ.

Утрово, Героски беше и во седиштето на партијата и кај претседателот Стево Пендаровски, а реакција имаа и ЗНМ, ССНМ и АВМУ.

„Демократијата можеме да ја унапредуваме само ако сме гласни и ако ги штитиме слободата на говорот и слободата на медиумите. Како човек и како политичар најостро осудувам какви било закани упатени до граѓани или новинари, и се борам против сите обиди на загрозување на нивниот интегритет. Слободата на говор и на изразување се неприкосновени и нема да дозволам на кој било начин да биде загрозено ова елементарно и загарантирано право. Како премиер на отворена, транспарентна и демократска влада укажувам на важноста медиумите да работат ослободени од притисоци, професионално и пред сè, за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата“, напиша премиерот.

Борче Гиноски на својот Фејсбук профил објави дека се извинува на Героски и на јавноста дека сакал всушност да го заштити и предупреди да не го нападнат од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така тие делувале.  Негира дека се заканувал, напротив вели дека го почитува Героски. Гиноски смета дека многу прашина се кренало околу овој случај. 

Слично

Поврзани вести