Заев гледа адут во документот од Викиликс за изходот на референдумот
Премиерот Зоран Заев смета дека протокот на документот од американската амабасада во Скопје преку Викиликс ќе влијае позитивно на референдумот на 30 септември за прифаќање на договорот од Преспа и исчекор кон ингефрациите во ЕУ и НАТО.
Дипломатското претставништво изминатат деценија документирала констатации дека за Скопје е преифатливо името „Северна Македонија“ уште во 2008 година, а Заев вели дека тоа е уште една причина повеќе да се излезе на граѓанско изјаснување.
Официјално Скопје дало согласност за промена името во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“ се наведува во досието.
– Верувам дека ваквите докази кои излегуваат во јавноста ќе бидат уште една причина да застанеме заедно сите и да и обезбедиме и осигураме добра иднина на Македонија, рече Заев.
Додаде дека многу влади се труделе да изнајдат решение и оти и претходната влада се обидувала да најде решение и добро е што сега е потврден македонскиот идентитет.
– Знаете дека ги поседував разговорите кои сега се кај Специјалното јавно обвинителство. Многу влади се труделе да изнајдат решение и претходната влада се трудела. Дел од решението во делот на името и неговата севкупна употреба или како што се нарекува „ерга омнес“ било прифатено и во делот на Северна и во делот на Горна Македонија и драго ми е што ние добивме потврда на целокупниот наш идентитет – македонскиот јазик која што беше важна цел поставена на преговарачкиот тим, рече Заев.
