Заев: Ги знам имињата на новите министри
Премиерот Зоран Заев денеска пред новинарите изјави дека ги знае имињата на новите министри кои би можеле да ги заменат актуелните раководители на владините ресори во рамки на најавената владина реконструкција што се најавува уште од претседателските избори.
Заев изјави дека постојат имиња што тој планира да ги предложи на нови работни места, a според него, на почетокот од јуни кабинетот ќе ги има првите промени.
Претходно, шефот на Владата најави дека најверојатно ќе се променат само тројца министри. Единствено е познато дека Љупчо Николовски нема да го води ресорот за земјоделство, водостопанство и шумарство, бидејќи ќе се посвети само како нов генерален секретар на СДСМ.
Слично
