Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски: „Горам од желба да кажам се, но кога ќе дојде време“

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски: „Горам од желба да кажам се, но кога ќе дојде време“

Заев вели дека ги знае сите детали и дека е целосно информиран во врска со истрагата за бегството на екс премиерот и екс опозициски лидер Никола Груевски во Унгарија.

-И јас и министерот на полицијата Оливер Спасовски гориме од желба да ги кажеме деталите од истрагата-рече Заев.

Како што нагласи, законот во земјава налага кога е на сила налог за апсење, истрагата треба да се заврши и дури потоа да се соопштат резултатите.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал на Груевски да на напушти Македонија.

Груевски имено доби политички азил во Унгарија, а неговиот пат до таму уште не е официјално познат.

Избега од земјата поради затворската казна која треба да ја издржува, поради неправилности при купување на луксузниот мерцедес за потребите на владата.


Фото: Фејсбук-Зоран Заев

Слично

Поврзани вести