Заев ги соопшти кандидатите за градоначалници
Кандидати за градоначалници од СДСМ се Перо Костадинов, за Валандово, Миликије Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Велимир Смилевски за Бутел, Марјан Јанев за Василево, за Босилово Зоран Зимбаков, Сашо Јанковски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Пешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, за Карбинци Јордан Нацев, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојче Илиев за Конче, Томе Христоски за Крушево, Аце Велкоски за Лозово, Медат Куртовски за Маврово - Ростуше, Љубе Кузманоски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Сашко Николов за Штип и Петре Шилегов за Градот Скопје.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека врз основа на анкетите го избрале најдоброто.
„СДСМ е најдоброто за Република Северна Македонија“, рече Заев.
Тој кажа дека во Арачиново, Охрид, Кисела Вода е направено многу и дека има резултати какви немало со години.
„Лично можам да кажам дека можевме повеќе, но се случи пандемија, имавме избори“, додаде Заев.
Најави дека ќе има и втора и трета анкета затоа што им се важни сите аспекти и како размислуваат граѓаните. Поднесени се 630 кандидатури за градоначалници. Заев вели дека СДСМ се фаворити за овие избори.
