Заев ги повика Села и Касами на состанок
Зоран Заев, премиерот на Македонија, ги повика на состанок лидерите на двете опозициска албански партиии Алијанската за Албанците и движењето БЕСА - Зијадин Села и Билал Касами.
Како што пренесува Алсат, Заев ги повикал како претседател на СДСМ за да му дадат поддршка на владиниот кнадидат за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, пред вториот круг од изборите в недела.
Претседателскиот кандидат Блерим Река со помош на Алијансата за Албанците и БЕСА освои повеќе од 70.000 гласови во првиот круг од претседателските избори но отпадна од понатамошната трка, а сега Заев бара од двете партии да помогнат овие гласови да се пренасочат на контото на Пендаровски.
Покрај Села и Касами, на состанокот е поканет и Река. Се очекува претходно, Река да се состане посебно со раководствата на Алијансата за Албанците и на БЕСА пред средбата со СДСМ.
Официјално, Алијансата за Албанците во попладневните часови ќе ги собере телата на партијата за да разговара за следниот чекор. Одлуката се очекува да се изрече веднаш по состанокот.
Во пресрет на вториот круг од претседателските избори, вниманието е насочено кон двете албански партии во опозиција кои се очекува во рок од два дена да се изјаснат за својата позиција.
