ЗАЕВ ГИ ОТКРИ КАРТИТЕ - не се работи за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, ДУИ ќе се модернизира, но тие ќе соопштат
Не се работи за заеднички кандидат за градоначалник на Град Скопје кој би бил Албанец, туку за модернизација на ДУИ, но за тоа ќе оставам самитре да го соопштат.
Вака денеска одговори премиерот Зоран Заев на новинарското прашање дали изненадувањето што утре ќе го соопшти неговипот коалиционен партнер ДУИ, е всушност заеднички кандидат Албанец за градски татко на метрополата, и далчи е ова компензација за орткажувањето на ДУИ од премиер Албнанец по парламнентарните избори лани летото. За тоа дури прокружи и името на Имер Селмани.
„Не се работи за тоа. Се работи за модернизација на нашиот коалиционен партнер, но лоигично е да оставам тоа тие да го соопштат. Ние впо Владата сме информирани за тоа. Станува збор за квалитативни и убави промени во ДУИ. Како ние во СДСМ што направивме модернизација во смисла на гласањето на конгресот, дигитализација, застапеност на жените и слично, така и ДУИ ќе оди со еден модернистички пристап. Тоа е нивна идеја за којја не известија и логично е да оставам тие да ја соопштат. Значи, се работи за модернизација на таа политичка партија која е наш коалиционен партнер“, рече Заев.
Тој рече дека СДСМ е партија која обединува, а тпоа го покажа и со коалицијата на парламентарните избори.
„И овој пат на локалните избори ќе одиме кон обединување. Но, локалните избори се посебни избори, тоа се избори на личности. Партиите имаат влијание, но многу е важен ликот на кандидатот или кандидатката за градоначалничка и за советници. Многу е важно граѓаните во нив да веруваат, и затоа е важно кои личности се, и од тоа ќе зависти како ќе ги правиме киоалициите. Така што, коалиции ќе правиме, секако еден дел ќе бидат направени уште во првиот круг, еден дел ќе направиме логично и во вториот круг. Со кого - со стандардните коалициони партнери. Ние сме 25-6 политички партии заедно во еден тим. Фокусот е со албанските партии, нуие имаме три албански партии во коалицијата, ДУИ, БЕСА и ДПА, но имаме соработка и со опозиционите партии. И знаеме да ги решиме проблемите, ние сме ‚проблем солвери', и постигнуваме подадени раце и разбирање, така што верувам дека ќе успееме преку заеднички настапо, прекуи кандидати, кои ќе бидат доволно силни и привлечни за граѓаните, да не привлечат да се обединиме“, рече Заев.
Н.Н.Ф.
