Заев ги изнесе неговите Топ-3 разочарувања во 2018-та, на кое место е бегството на Груевски?
Бегството на поранешниот македонски премиер Никоа Груевски во Унгарија му е на последното место од најголемите три разочарувања во 2018-та на шефот на македонската влада Зоран Заев што ги искажа за Дојче Веле.
На прво место му се починатите личности во годината што изминува како Генерал Тодор Атанасовски, Перо Ивановски Тиквар, Цветан Грозданов, Блаже Ристовски, Иван Катарџиев, Горан Стефановски, Матеја Матевски, Милан Ѓурчинов, Абдулаќим Адеми, Љубиша Георгиевски, Мите Грозданов, Љупка Џундева, Ванчо Петрушевски.
На трето место му е енормното аерозагадување. Во Топ-3 најголеми успеси, според актуелниот премиер, влегуваат Преспанскиот договор, Поканата од НАТО и датумот за преговори со ЕУ и растот на економските индикатори како странските директни инвестиции и директната поддршка на домашните компании;
Во Топ-3 очекувања за 2019-та ги рангира завршувањето на уставните измени, година на економски раст и избор на релевантен и ценет претседател на Македонија.
