Заев: Функционерите не се венчани за функцијата, и подготвени се да понесат одговорност
Доколку во мојата Влада се случи некој коруптивна зделка и за тоа постојат докази веднаш ќе побарам одговорност и оставка, иако тоа до сега не е случај, изјави премиерот Зоран Заев вчера на гостувањето на 1ТВ.
„Функционерите не се венчани за функцијата, и подготвени се да понесат одговорност. Не се фатени како слеп за стап што вели народот. Ако се случи коруптивна зделка и за тоа постојат докази веднаш ќе барам одговорност. Кочо Анѓушев не е тој што потпишал апликација туку другите кои имаат капитал во истите компании, тој само имал 16 проценти од акциите. Секој наш граѓанин во Македонија има своја вредност, ако ја препознаеме треба да ја поддржиме, овде не видов основ за оставка“- рече Заев.
Кога станува збор за етичкиот дел е чисто и постапувам искрено, додаде тој.
