Заев: ЕУ ќе има придобивка од Македонија
Премиерот на Македонија, Зоран Заев не го криеше задоволството за добиената препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
„Јас верувам дека граѓаните ќе ја доловат нашата среќа. Ова е потврда за успешно излегување од кризата во Македонија. Среќен сум што за толку краток период направивме големи работи. Сакам да знаат сите членки на ЕУ, дека од мала република како Македонија можат да добијат додадена вредност. Македонија има европска култура, ние сме дел од Европа и таму припаѓаме. Сигурен сум дека ќе донесеме позитивни работи на ЕУ. Оваа земја е мала, но голем пријател на сите членки“, посочи Заев.
Слично
