Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева и нејзиното име

Заев: Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева и нејзиното име

Премиерот Зоран Заев како гостин во студиото на Клан Македонија за преговорите на власта со опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се регулира иднината на СЈО рече дека со ВМРО-ДПМНЕ останува само уште нерешено прашањето за тоа кој да го раководи.

- Нема да чекаме до „5 до 12“, мандатот на СЈО истекува до 15 септември. Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева и нејзиното име. Тоа треба да го решиме, не заради Европската унија, заради дома треба да го решиме. Компромисите нема да се прават на сметка на правдата. Работните групи ќе работат, има волја од двете страни, треба да се седне и да се најде компромис час поскоро. Не функционира до крај правосудниот систем во Северна Македонија заради ова нерешено прашање. Не со полн капацитет и со неизвесна иднина, рече Заев. 

Тој додаде дека ги знае ставовите на лидерите на сите параментарни партии по ова прашање и очекува да се пронајдат контурите на политичкиот договор за иднината на СЈО до крајот на јули.

Слично

Поврзани вести