Заев е „реален оптимист“, но што вели Макрон за проширувањето?
Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека не бил сам во одлуката да се блокираат преговорите на Македонија со ЕУ.
Тој уште еднаш ја повтори позицијата на Париз дека ќе одбие секакво отворање на преговори со земји кандидати ако претходно нема реформа на преговарачката процедура.
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања порача дека од оптимист стана „реален оптимист” во однос на започнувањето преговори со Европската Унија.
Заев рече дека во Лондон, три пати имал размена на мислења со францускиот претседател вчера и денеска.
Слично
