Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗAEВ Е ОПТИМИСT: Има позитивен исчекор во разговорите за името

ЗAEВ Е ОПТИМИСT: Има позитивен исчекор во разговорите за името

Премиерот Зоран Заев по денешната средба со шефот на македонската дипломатија,  Никола Димитров изјави дека има позитивен исчекор во разговорите за името. 

Вели дека условеноста во разговорите значи дека имало договор и за оние прашања кои сега се исчекор кога комплетно би се договорило сѐ.  Заев вели дека е запознаен со сите детаљи. 

„Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист после оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц“ - изјави Заев.

Според него тоа дава можност во пријателска атмосфера да се разговара меѓу министрите за надворешни работи. 

Заев рече  и дека лидерска средба за името би можело да се одржи по велигденските празници.

Слично

Поврзани вести