Заев е оптимист дека средбата на Пендаровски и Радев ќе помогне за чекор напред во односите меѓу двете земји
Премиерот Зоран Заев се надева заедничка посета на Ватикан на претседателот Стево Пендаровски и неговиот колега, Румен Радев мора да биде потик во изнаоѓање на напредок во решавањето на спорот меѓу Скопје и Софија.
„Навистина ниту еден аспирант за ЕУ, кој сакал да го продолжи патот не чекал толку, колку што чека Северна Македонија. Верувам дека Бугарија ќе биде силен поддржувач на Северна Македонија и на патот на ЕУ интеграциите на целиот Западен Балкан“, изјави Заев.
Премиерот додаде дека португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни.
Средбата на Пендаровски и Радев ја најави минатата недела претседателот кој посочи дека очекува на средбата да се разговара неформално за спорот.
„Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери“, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев.
