Заев: Драги ученици, Учете и борете се за своите идеи
На првиот школски ден од новата учебна година која почна денеска, желби за успех и од премиерот Заев.
На социјалните мрежи тој им упати порака на учениците во кои ги повика да учат и да се борат за своите идеи.
„Драги ученици,
Вие сте главната водилка и инспирација за нас постарите. Донесете успех оваа нова учебна година. Донесете успех за себе и своето училиште, за своите блиски, својата општина и за Република Македонија.
Учете и борете се за своите идеи.
Бидете активни, критични и барајте повеќе.
Ние ќе го слушаме вашиот глас!“- пишува во пораката од премиерот.
Слично
