Заев: Дотациите што нашинците ги испраќаат на нашите граѓани никој не може да ги оданочува
Парите од дијаспората не подлежат на оданочување, вели премиерот Зоран Заев.
Појасни дека се оданочува тоа што е приход како заработка.
„Тоа што е помош кон семејствата, од надвор, тоа не е цел на оданочување согласно законите во Република Македонија. Ако некој има приход од странство, заради тоа што работел во странство, или направил интелектуална услуга во странство, и заради тоа добил приход, тој приход се оданочува. Дотациите што нашинците ги испраќаат на нашите граѓани овде, ниту со закон е определено ниту некој може да ги оданочува и таа дилема треба да ја отстраниме“- вели Заев.
Со новите измени што ги најавува УЈП, практично се укинува „банкарската тајна“. Засега Управата за проверка на некоја сметка испраќа барање до одредената банка и податоците ги добива како одговор од таму. Во иднина УЈП ќе може самата да упаѓа во секое време во сметките непречено.
Слично
