Заев дојде на суд да се соочи со Божиновски, тој не сакаше без медиуми
Прмиерот Зоран Заев денеска се појави во Граѓанскиот суд во Скопје за да се соочи со новинарот Зоран Божиновски, кого го тужи за клевета.
Заев е повикан како сведок од страна на одбрана на Божиновски, кој пак не сакаше да присуствува на судењето без присуство на јавноста, затоа што имал аудиоснимка која траела два часа.
Судијката не дозволи новинарите да присуствуваат на неговото излагање, поради здравствените протоколи.
Божиновски ја напушти судницата откако претходно остана во ходникот заедно со новинарите, додека обезбедувањето на премиерот ја чува вратата од судницата.
Заев го тужи Божиновски за клевета, по објавен фејсбук-статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле премиерот и тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
