Заев: Договорот е постигнат, нема нови амандмани, Охридскиот рамковен договор ќе се спомене во Уставот
Нема амандмани, туку ќе се додадат амандмани на самите амандмани, објави премиерот Зоран Заев по договорот на Власта со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за изгледот на уставните измени кои се во собраниска процедура. Ќе се додаде и Охридскиот рамковен договор во уставниот законик. Владата денеска ќе ги поднесе изменетите нацрт-амандмани во Собранието.
- Нацрт-амандманите се изготвени, во првиот се потврдува македонскиот идентитет во ставот 36, покрај членот 7 кој го .гарантира истиот. Вториот дел е дека договорот стапува во сила откако грчкиот пшарламент ќе го ратификува.Третиот дел во уставниот законик е сукцесивно спроведување на личните документи со новото име така што граѓаните нема да имаат вонредни трошоци и обврска веднаш да го направат тоа. Во четвртиот дел, нема да има збор „дијаспора“ туку дека републиката ќе се грижи за етничките Македонци кои живеат во странство - изјави Заев на прес-конференција во Владата.
Во продолжение тој ја објасни процедурата по која ќе се движат нацрт-амандманите.
- Владата утврди нацрт-амандмани на Уставот. Низ инклузивен процес ги утврдивме амандманите. Очекуваме и од грчкиот парламент тоа да го стори во најбрзо можно време. Ова е почетна фаза. Ова е договор воедно и помеѓу власта и опозицијата . Ние си подадовме рака и испративме силна порака до сегашните и идни генерации. Имавме две консултативни средби со новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме и со други пратеници, Четирите амандмани се многу едноставни, јавноста да не се плаши - соопшти премиерот.
