Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев добива советничка помош од професорките Арифи и Лажетиќ

Заев добива советничка помош од професорките Арифи и Лажетиќ

Премиерот Зоран Заев може наскоро во новиот Совет кој ќе ја следи имплементацијата на реформите во правосудството кој тој лично ќе го води, да добие уште една тура на советници, овој пат од професорската фела.

Како најсериозни кандидати според правосудство.мк се професорките Беса Арифи од Државниот универзитет во Тетово и Гордана Лажетиќ  од Правниот факултет во Скопје кои се занимаваат со кривчно-правната материја. 

Арифи е и колумнистка и многу активна политички иако не делува преку политичка партија во Македонија и често се вклучува во јавните дебати за многу правни и уставни прашања, додека пак професорката Лажетиќ исто така во последно време се почесто ја гледаме во фокусот на јавноста.

Во ова ново тело кое ќе се грижи реформите да се спроведат на правилен начин и со вклученост на сите засегнати страни веќе се говореше за членување на советници меѓу кои Јово Вангеловски како претседател на Врховниот суд, Караџовски од Судскиот совет, потоа јавниот обвинител Јовески, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и други предводници на судови, обвинителства, адвокати и истакните членови на правосудната фела. 

Слично

Поврзани вести