Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев добил закана за „куршум в чело“ по пресот со Хан

Заев добил закана за „куршум в чело“ по пресот со Хан

По пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, денеска премиерот Зоран Заев добил закана на социјалните мрежи и ја пријавил во полиција. 

„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието. 

Заев рече дека коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.

Премиерот изјави дека се знае идентитетот на човекот, кој коментирал, а случајот е пријавен во МВР и како што рече ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.

Слично

Поврзани вести