Заев доби посебен советник за култура, ќе го советува пејачката Цветанка Ласкова
Цветанка Ласкова, претседателката на Форумот на жени на СДСМ, активистка, стопанственик и пејачка е назначена за посебен советник за култура на премиерот, Зоран Заев.
Следејќи ги политичките збиднувања во земјава, Ласкова одлучува активно да се посвети на политиката од 2009 година. Членка е на Градскиот одбор на СДСМ од 2011 до 2013 година и претседател на Комисијата за култура. Во 2011 година таа е избрана за координаторка на Форум на жени на СДСМ и е член на Централен и Извршниот одбор на партијата. Во 2013 по смената на раководството на СДСМ, Ласкова повторно е избрана за координаторка на Форум на жени на СДСМ.
Ласкова е позната на македонската јавност и по работата во сферата на ТВ продукција и авторските права и маркетингот. Два пати го добива признанието „Најуспешна жена менаџер на годината„.
