Заев до пратеникот Петар Ристески: Фотографиран си со полицаец кој конзумирал кокаин
Премиерот Зоран Заев на собраниската говорница, одговараќи на пратенички прашања, покажа фотографија на која наводно пратеникот Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е фотографиран во друштво со полицаец кој наводно е санкциониран за конзумирање кокаин.
Претходно пратеникот од Прилеп го обвини Заев дека тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го назначиле Кире Спирковски Чипсио дека го поставиле како полициски началник, пред да биде уапсен во акцијата кај Плетвар со помош на американската ДЕА.
- Командирот го бира Советот на Општина Прилеп, истовремено командирот ако посегнал кон незаконско дејствие апсолутно треба да одговара. Акцијата е исклучително професионална и успешна. Организирана, смислена, докажана по сите светски стандарди. Вие сте сликан во друштво со конзумент на кокаин кој е санкциониран полициски службеник, рече Заев, истовремено покажувајќи фотографија.
На ова Ристески му реплицираше дека „комшиите и сограѓаните не се бираат, додека тој и Спасовски го избрале началникот“.
