Заев до Мицкоски: Следните избори се во 2024
За премиерот Зоран Заев е неприфатливо барањето на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за одржување на предвремени парламентарни избори на крајот на годината заедно со редовните локални.
- Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ја кочат економијата. Државата има јасен правец по кој се движи. Секое предвремено истрчување значи кочење на економските процеси. Следните избори се во 2024, а до тогаш треба сите да ги засукаме ракавите и да работиме, рече Заев денеска во Гевгелија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара предвремени парламентарни избори и предложи пописот да се одржи во март или во април 2022 година.
„Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим. Потребно е ново мнозинство кое ќе ја извади Македонија на прав пат“, рече Мицкоски, и додаде дека, според нив, „се можни предвремени парламентарни избори заедно со локалните“.
