ЗАЕВ ДО МИЦКОСКИ: Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него
Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека новиот премиер, Христијан Мицкоски не треба да згреши со Договорот од Преспа, затоа што со тоа ќе ја уништи европската перспектива за граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ се десничарска, националистичка партија. Наредниот викенд ќе изберат влада и новиот премиер ќе има експозе. Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него. Ќе го предизвика целиот западен свет“, рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
Тој рече дека за Северна Македонија нема алтернатива освен европска иднина и НАТО.
„Тоа значи дека нема да користиме европски пари, но нема да има ни надворешни, ни домашни инвестиции. Нашите млади ќе заминат во западна Европа и САД. Тоа е закана за нашата земја“, изјави Заев.
Тој додаде дека може да биде користен за обвинување за сменетото име, но му порача на Мицкоски да не си игра со иднината на земјата.
Се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа со кој Македонија и Грција го решија спорот за името.
фото Фејсбук/Зоран Заев
