Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: До крајот на неделата ќе финишираат преговорите за влада

Заев: До крајот на неделата ќе финишираат преговорите за влада

Се надевам дека кон крајот на неделата ќе финишираме со преговорите за владата и да завршиме најбрзо што може, изјави денеска лидерот на СДСМ и новиот мандатар Зоран Заев за Телевизија 24.

- Сите политички партии се обврзавме да ја забрзаме постапката околу преговарање за новата влада и во рок од десет дена преговорите да бидат завршени - рече Заев.

Мандатарот за состав на нова влада потврди дека ја добил поканата на високата претставничка за безбедност Фередика Могерини и дека утре ќе присуствува на вечерата во Брисел. Заев оценува дека посетата кај Могерини е одлична можност да се видат сите лидери на регионот и да разговараат за европските перспективи на Македонија.

Заев додаде дека ќе објасни колку многу новата влада ќе работи на реформите и се надева дека ЕУ ќе ги поддржи заложбите на македонските граѓани за влез на Македонија во Европската Унија.


Слично

Поврзани вести