Заев до ЕБОР - Капиталните инвестиции се приоритет
Премиерот Зоран Заев на средбата со претставнциите на ЕБОР истакна дека капиталните инвестиции се приоритет, како и засилувањето на соработката со оваа финансиска институција. Тој се сретна со Анка Јоана Јоанеску, директорка на канцеларијата на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за Македонија и Косово и Френклин Стивс, виш советник во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро управување (ICGI) што ја спроведува Европската банка за обнова и развој.
Претставниците
на Европската банка за обнова и развој ги презентираа можностите за соработка
со Владата на Република Македонија во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро управување којашто
се однесува на неколку важни аспекти како што се промоција на дијалог помеѓу
јавниот и приватниот сектор, проекти за зголемување на конкурентноста, проекти
кои се однесуваат на инспекцискиот надзор и контрола.
Во однос на реформската агенда што Владата на Република Македонија ја спроведува претставниците на ЕБОР изразија силна поддршка за реализација на реформските процеси. На состанокот се разговараше и за реформата во јавната администрација, за зајакнување на капацитетите на општините, за степенот на реализација на капитални инвестиции и нивното значење за забрзување на економскиот раст како и за мерките на поддршка од Планот за економски раст за кои се очекува да донесат нови инвестиции и раст на продуктивноста и конкурентноста.
„Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на Владата на Република Македонија за оваа 2018 година. Ќе ги разгледаме сите можни аспекти и ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР во насока на реализација на овие цели“ рече премиерот Заев на средбата со претставниците на ЕБОР.
