Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ДО ЦИПРАС: Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

ЗАЕВ ДО ЦИПРАС: Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев му честиташе на екс грчкиот премиер Алексис Ципрас за годишнината од Преспанскиот договор. 

„Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји Северна Македонија и Грција”, пишува Заев. 

Во пораката уште се истакнува дека Преспанскиот договор „остави исклучително позитивен белег на Балканот, Европа и светот дека договорите можат да се постигнат преку дипломатски канали дури и за најтешките прашања меѓу земјите“.

На денешен ден во Нивици во Грција, делегациите на двете земји го потпишаа договорот од Преспа, со што се реши спорот за името. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести