Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Димова мора да понесе одговорност, бараме да биде разрешена

Заев: Димова мора да понесе одговорност, бараме да биде разрешена

Владата ќе го прифати предлогот на вицепремиерот Љупчо Николовски и ќе побара од Управниот одбор Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова. Според Заев во тој случај етички е таа да понесе одговорност. Исходот следи откако во јавноста се фрлија сомнежи за тоа како се делеле пари за образовни проекти преку агенцијата. Разрешувањето го побара Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

„Предлог е доставен од потпретеседателот на Владата, ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи. Има етички дел и мора да се понесе одговорност. За другиот дел за кривична одговорност ние не сме надлежни и не би навлегувал, рече Заев. 

Слично

Поврзани вести